Скопје секогаш доцни: Ова се најубаво украсените македонски градови пред новогодишните празници (ФОТО)
Во голем дел од светот големите метрополи веќе светнаа во новогодишно руво. Новогодишните базари се веќе отворени и граѓаните уживаат во празничната магија. Голем број туристи веќе ги закажаа своите туристички аранжмани да прошетаат, уживаат и да вкусат некој од традиционалните напитоци и храна карактеристични за овој период од годината.
Новогодишната магија пристигна и во дел од градовите низ нашата земја. Во некој од нив веќе може да се почувствува новогодишната магија.
Прв град во кој беа поставени новогодишни реквизити е Крива Паланка. Во центарот на градот поставени се де големи елки, светлечки декоративни форми, како и куќички за продажба на пијалаци, храна, новогодишни украси и подароци. Во рамките на „Новогодишниот базар“ во градот ќе се одржат бројни настани, како и музички случувања во кои ќе уживаат граѓаните не само од Крива Паланка, туку и од околните градови.
И градот Струмица се вбројува во еден од градовите кој блесна во новогодишно руво. Претпразничната магија започна и во овој град на повеќе локации во градот. Најголемата елка во државата поставена на градскиот плоштад, а новогодишниот амбиент е надополнет и со други светлосни фигури.
Битола минатата година беше еден од најубаво украсените градови во земјата, кој можеше да застане рамо до рамо со светските метрополи.
Новогодишната бајка продолжува
и оваа година. Годинава во Битола огнометот за новогодишната ноќ, како и лани
ќе биде заменет со светлосни ефекти и 3Д мапинг.
На Градскиот
плоштад во Кавадарци и низ улиците веќе е поставена новогодишната декорација со
украси, а ќе се одржи и „Божиќен пазар“. На плоштадот се поставуваат и украсени
куќарки кои ја надополнуваат новогодишната магија во градот.
Помеѓу градовите каде почна да се чувствува новогодишната магија е и Делчево. Каде веќе се поставени новогодишни, светлечки украси, но и поставен е видеонадзор во случај некој да се обиде да нанесе штета.
Додека сме во исчекување новогодишната елка да светне во главниот град, општините кои се дел од Град Скопје веќе дел од нив ги поставија новогодишните украси. Општина Центар на неколку локации постави новогодишни елки, мрежи со сијалички, светлосни фигури, украсни ЛЕД-сијалички, ѕвездени неба, забавен парк и дрвени куќички.
Фото: Фејсбук/ Инстаграм