СКОПСКА ГИМНАЗИЈА БЕЗ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: И наставниците и учениците воодушевени од идејата

Добивај вести на Viber

„Јосип Броз Тито“ - гимназијата во Скопје на многу практичен начин го реши проблемот со користењето мобилни телефони за време на часовите, пишува Факултети.мк. 

Од оваа учебна година пред секој почеток на часот, учениците мораат да ги остават мобилните телефони на платно со џебови, кое се наоѓа во сите училници.

Идејата, добро е прифатена од двете страни.

„Колку и да се трудиш и да ветуваш дека нема да го користиш мобилниот телефон во текот на часот, нешто што те тера да погледнеш што се случува. Ослободени сме од ова искушение“, вели еден ученик од трето одделение.

Дека ова е супер идеја велат и други ученици.

„На овој начин ќе бидеме сигурно повнимателни на часовите а ќе знаеме дека мобилните ни се на сигурно место“, вели Симона К.