„Скршен сум“: Татко сподели слика од неговото бебе кое е болно и мора да биде во изолација

Добивај вести на Viber

Татко сподели слика од неговото бебе, синче кое има пневмонија, а беше тестирано за коронавирус, рече дека „не може да биде кај него“ и е „скршен“ .

Таткото твитна: „Денес, моето прекрасно момче беше пренесено во болница, тој во моментот има пневмонија и беше тестиран за„ Ковид-19 “ и останува во изолација со неговата мајка.

Бебето развило ужасна кашлица и подоцна било ставено на кислород во болница, напиша таткото и додаде:
„Откривме дека тој има и дефект на душникот за што е потребна операција.“

Во коментари голем број луѓе посакаа подобрување на состојбата на бебето.