Животна училница // Холивудска прашина
Слатка сцена: Жизел Бундхен го покажа трудничкиот стомак додека шета на плажа со своето момче во Костарика
Познатата манекенка го очекува своето трето дете, кое ќе и биде прво со нејзиниот сегашен партнер, тренерот за џиу-џицу Хоаким Валенте.
Бремената бразилска манекенка Жизел Бундхен (44) уживала на романтичен одмор на плажа во Костарика во друштво на Хоакин Валенте (35), идниот татко на нивното дете.
Двојката шетала по плажа рака под рака. Жизел гордо го покажувала својот заоблен труднички стомак во проѕирна маица.
Манекенката го очекува своето трето дете, кое ќе и биде прво со сегашниот партнер, тренерот за џиу-џицу. Жизел и Хоаким се заедно од летото 2023 година, а ова ќе биде прво дете на спортистот.
Парот се зближи по разводот на манекенката со пензионираната НФЛ ѕвезда Том Брејди, со кој веќе ги има синот Бенџамин и ќерката Вивијан.
Фото: ИнстаграмИзвор: 24sata.hr/