Роза од Албанија се омажи за Миланко од Србија по 8 дена од нивната средба: „Ми побара лук, а јас ѝ донесов шминка“
Тие се нарекуваат „чувари на огништето“. Благодарение на нив, животот се вратил во многу села. Во Буџево на висорамницата Пештер по 12 години повторно е отворено училиште. Неколку Албанки од Скадар во зима ги венчале момци од тоа далечно и многу студено село. Времето покажало дека го направиле вистинскиот избор.
„Не сум навикната на толку ниски температури. Тука може да биде многу студено. А дојдов среде зима, кога имаше многу снег“, се присетува оваа вредна жена, додека меси леб и приготвува бројни традиционални српски специјалитети. Таа гордо вели дека научила се‘.
Нејзината приказна ја прикажува пошироката слика за браковите меѓу Србите и Албанките, кои беа честа појава пред една и пол деценија. Во бројни напуштени села, каде што ниту една женска нога не сакаше да стапне, пристигнаа девојки од Скадар и околните места.
„Имавме девојки, но кога спомнавме брак, тие исчезнаа. Никој од нив не сакаше да дојде да живее на село. Сакаа да одат во градовите. Мене ми беше жал да ја напуштам мојата област. Овде имаме многу земја“, вели Миланко Попадиќ.
Лук или пудра?
Тој се присетува како ја запознал Роза: „Тоа беше судбина. Многу мои пријатели и соседи тогаш се омажија за Албанки. Гледам дека се добри сопруги, добри мајки, домаќинки... Роза ми беше тогаш светла точка. Се запознавме на 21 декември, а се венчавме на 3 јануари. По само осум дена“, додава Миланко и вели дека веднаш се заљубиле.
Заедно се со години. И не само тие, туку и многубројните мешани бракови на Пештеровата висорамнина, каде што пристигнале девојки Албанки, чии семејства, велат, потекнуваат од Србија или Црна Гора.
Роза се насмевнува додека се присетува: „Се‘ беше ново за мене. На почетокот јазикот беше бариера, но брзо научив. Се сеќавам на интересни ситуации, кога побарав лук и реков „huder“. Миланко се збуни!“
На сопругата ѝ донел пудра, бидејќи мислел дека бара шминка.
„Кога дојде имаше многу смешни ситуации. Цело време спомнуваше бор. Се прашував за каков бор зборува, кога овде бор не расте. Во тоа време многу ја интересираше снегот кој во зима покрива сè овде. А борот е всушност бела покривка“, објаснува за Maxpress.рс Миланко Попадиќ.
Роза брзо се приспособила на животот во селото, грижејќи се за децата и домаќинството. Денеска со насмевка зборува за тројцата наследници, кои се родени од овој необичен брак.
„Животот не е лесен, но ние уживаме во него. Децата ги учиме на традиции и почитување на сите обичаи“, вели Роза.
Миланко и Роза го поминале мостот меѓу двете култури.
„Разликата во обичаите е голема, но ја надминавме“, вели Миланко.
Роза подготвува слава. На трпезата има многу традиционални српски јадења.
„Го славиме Денот на Св. Никола“, истакнува таа, а Миланко гордо објаснува дека сама научила се‘.
Сепак, нивните деца имаат уникатен поглед на светот. Посебно ќерката која знае и албански. Засега синовите не биле заинтересирани да го научат. Сепак, Роза гордо вели: „Ги учам да ги почитуваат сите“. Подготвувам јадења од двете традиции, а прославите се секогаш весели“.
Миланко додека подготвува дрва за зимата откри дека секогаш ја поштедува Роза од напорна работа. Сепак, сите во домаќинството работат напорно. И најмалиот член. Тие се грижат за животните. Имаат овци, крави, свињи...
Момир Ковачевиќ од здружението „Стара Рашка“ бил клучна фигура во поврзувањето на овие луѓе.
„Секој брак е важен, а уште повеќе во овие рурални услови. Благодарение на нив беше отворено училиште кое беше затворено 12 години. Тоа е значајно за заедницата“, посочува Момир.
Тој објасни како настанале првите бракови.
„Првата девојка од Албанија, која дошла во селото, со себе понела уште неколку девојки. Сега во Сјеница имаме 52 брака, а повеќе од 120 деца, што е повеќе од еден процент од нашето население во Сјеница. Тоа е значителен процент за локалната заедница“, вели тој.