Бев учителка и имав совршен живот: Отидов на одмор на Бали и се омажив за принц - Во палатата немавме струја, вода, телефон, но заедно сме 46 години

Добивај вести на Viber

Австралијката Џејн Гилеспи во далечната 1977 година отишла на одмор на егзотичното Бали со својата мајка, не знаејќи дека тоа патување засекогаш ќе и го промени животот. Таму Џејн се заљубила во вистински принц – член на монархијата на Бали, а на крајот од сето тоа се омажила за него и станала принцеза на овој индонезиски остров. Еве ја накратко нејзината љубовна приказна која самата ја напиша за магазинот „Women’s Weekly“.

Кога замислував каков ќе биде мојот живот како млада девојка, се замислував себеси како живеам мирен, удобен живот во Сиднеј, работејќи како воспитувачка во градинка, што го правев пред да одам на одмор на Бали што промени сè.

Мојата мајка и јас отидовме на Бали во 1977 година; пристигнавме во Убуд и отидовме директно во нашето сместување во Бунгаловите Пури Сарасвати, прекрасен и мирен хотел на теренот на кралската палата. Бевме опкружени со бујни градини кои светкаа во милион нијанси на зелено, а балиската архитектура ми го одзема здивот. Имотот бил во сопственост на една од двете сопруги на принцот Тјокорда Агунг Сујаса.

Едната од неговите сопруги живеела со него во палатата, а другата во споменатиот хотел. Нејзиниот девер, поточно братот на нејзиниот сопруг, принцот Тјоркода Рака Кертјас, бил згоден млад човек кој сакал да се среќава со странски гости и да разговара со нив за животот и културата на Балијците. Претходно бил во Австралија и бил многу харизматичен - веднаш ме привлече. Набрзо откривме дека имаме многу заеднички работи. Се интересираше зошто избрав да станам просветен работник и ми објасни дека учествува во организација на локална детска театарска група. Ме покани да го посетам еден ден и ми кажа се за неговата работа и начин на живот. Сфатив дека има нешто посебно меѓу нас. Не ни помислив на фактот дека тој е принц. За мене, тој беше само интересен, многу привлечен млад човек кој ми покажа страна од животот на Бали што инаку не сум ја знаела.

Летна романса која се претвори во доживотна љубов

За жал, поминавме кратко време заедно бидејќи мојот одмор заврши. На Бали бев само две недели, но тоа ми остави длабок впечаток. Кога се вратив во Сиднеј и на мојата работа, се чувствував незадоволно; мирниот живот што го замислував за себе веќе не изгледаше реален.

Принцот Рак и јас одржувавме контакт со размена на писма. Сега е смешно да се размислува за тоа, но тоа беа 1970-тите и немаше телефони во Убуд, дури ни во палатата! Секогаш бев среќна кога добивав писмо од Бали.

Како што минуваа месеците, не можев да престанам да размислувам за тоа колку бев среќна на Бали. Затоа донесов храбра одлука да ја напуштам работата и да се вратам на одмор во Убуд. Отсекогаш ја сакав литературата за деца и решив да останам на Бали три месеци и тоа време да го искористам за да напишам книга за деца. Немав никакви очекувања од принцот. Размислував за него, се разбира, но поминаа шест месеци откако бевме заедно и не сакав да се надевам. Се вратив во бунгаловите Пури Сарасвати и штом пристигнав во хотелот слушнав звук на тапани од блиската џунгла. Некако луѓето му ја пренесоа на принцот Рака пораката дека повторно сум тука и тој веднаш дојде. Од моментот кога го погледнав, како никогаш да не сме биле разделени. Сфатив дека она што го имавме беше повеќе од минлива, летна романса. Наскоро принцот ме замоли да се омажам за него. Не се двоумев да кажам да. Кога знаеш, знаеш и јас бев воодушевена.

Џејн го менува своето име во „Совршената од палатата“

Сепак, балиското кралско семејство е огромно и распространето и им се допаѓало нивните членови да се оженат со некој близок по ранг. Ми го зедоа пасошот и ме проверија во Интерпол за да се уверат дека нешто не кријам. Морав да се преобратам во хиндуизам. За среќа, имавме убава свадба.

Го сменив моето име во принцезата Јеро Асри Кертјас. Јеро значи „од палатата“, а Асри значи „совршено“. Нашата свадба беше едноставна. Тогаш луѓето не одржуваа елаборирани настани како сега, и не сакав да правам премногу врева околу фактот дека се мажам за кралско семејство. За мене тоа беше ден посветен на љубовта што ја споделив со Рака. На свадбата дојдоа неколку мои пријатели и блиското семејство, а претпоставувам дека сето тоа го привлече вниманието на јавноста во Австралија бидејќи бевме на насловната страница на магазинот „The Weekly“.

Бев привлечена од балискиот начин на живот, но имаше еден елемент од него што малку ме загрижи, а тоа беше церемонијата на сечење на забите, или метатах. Ритуалот бараше од мене сите заби да ги израмнам на иста должина за да не бидам помешана со демон кога ќе отидам во рајот по смртта. Успеав да ја избегнам таа конкретна церемонија во тоа време, но брзо сфатив дека мојот живот на Бали ќе биде многу различен од мојот живот дома. Бидејќи бевме млади и заљубени, принцот и јас не зборувавме за тоа колку работите ќе се променат кога ќе се венчаме. Како прво, неговата религија дозволувала повеќе жени. Бевме многу среќни заедно, иако знаев дека кралскиот живот значи одреден степен на прилагодување. Во тоа време, палатата не беше многу луксузна. Немаше водовод. Водата мораше да се донесе во кофа. Имавме среќа што имавме слуги кои го правеа тоа. Но, секогаш имаше многу посетители. Се разбудивме и го најдеме цело село на влезната врата - чекаа да добијат совет од мојот зет. Палатата ја делевме со маќеата на принцот Рака, неговиот постар брат и неговата сопруга и нивните три деца.

Не смеев да ја напуштам просторијата без дозвола. Така, одвреме-навреме се чувствував малку „заробена“. Живеевме во палатата околу една година додека не се роди нашиот прв син. Рака имаше свој стан надвор од центарот на Убуд, па се преселивме таму. Немавме струја, вода, но никој немаше во тоа време.

Од Австралија до Бали и назад

Пред да се роди нашиот втор син, се вративме во Сиднеј, каде што останавме околу 12 години. Сакавме нашите деца да ја знаат и балиската и австралиската култура, а додека бевме во Сиднеј, имавме и ќерка. Сепак, Рака секогаш сакаше да се врати на Бали, па така се вративме дома. Сите три наши деца сега живеат на Бали и имаат деца.

Во 2017 година конечно ги трупирав забите заедно со мојот најстар внук. Не болеше! Тоа е повеќе ритуал отколку вистинска процедура. Тоа е симболичен чин, иако верувам дека мојот сопруг им шепна на увото на оние што го изведуваа ритуалот да бидат нежни.

Деновиве, принцот Рака е многу зафатен со кралски обврски, додека со нашиот син водиме чајџилница во Семинјак. Нашиот објект Biku служи појадок, ручек и вечера, но е познат по своите квалитетни чаеви. Некои луѓе уживаат во посета на објектот чиј сопственик е принцеза. Поточно, малите девојчиња доаѓаат и велат: „О Боже, не ми се верува!“ Па тоа е многу слатко од мене. Речиси се откажав од мојот стар живот за да се омажам за мојот принц затоа што само знаев дека тој е „вистинскиот“, и по сите овие години, тој сè уште е.

Фото: Инсатграм
Извор: Zena.blic.rs