Чистата душа како неговата, тешко се шминка: Српскиот шминкер се трансформираше во Тоше

Добивај вести на Viber

„Една од најтешките трансформации. Чистата душа, како неговата е тешко да се нашминка“ - напиша познатиот српски шминкер Стефан Суботиќ кој на јавноста ѝ е познат по трансформациите кои ги прави со неговата шминка.

Стефан, во последната трансформација го испочитува единствениот Тоше Проески и уште еднаш ги помести границите во шминката и потсети дека ликот и делото на Тоше не се забораваат.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Subotic | Make Up | (@stefansubotic_makeup)



Покрај секојдневната шминка за разни свечени пригоди, најголемата слава на Стефан ја донесоа неверојатно успешните трансформации во славни личности.

Некои од трансформациите, како онаа во Ким Кардашијан, самата старлета неколкупати ги објави на своите профили на социјалните мрежи, покажувајќи дека на тој начин дури и една светска sвезда го цени делото на Стефан.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Subotic | Make Up | (@stefansubotic_makeup)



Стефан често се трансформира во жена. Кога се трансформира во жена, тој го користи псевдонимот Клео. Постоењето на алтер -его, објаснува еднаш, му го олеснува изразувањето на уметноста и својата природа преку својата работа.


View this post on Instagram

A post shared by Stefan Subotic | Make Up | (@stefansubotic_makeup)


View this post on Instagram

A post shared by Stefan Subotic | Make Up | (@stefansubotic_makeup)




Дамата дојде со желба да ја подмладам 15 години од осма во шеста деценија: Погледнете што прави Стефан


ФОТО: Принтскрин инстаграм