Моника Селеш го слави својот 51-ви роденден: Живее на Флорида, готви, вежба и изгледа подобро од било кога

Добивај вести на Viber

Иако одамна исчезна од тениската сцена, сепак нејзиното име е многу влијателно во светот на тенисот. Сигурно ќе беше уште повлијателно, веројатно и најголемото, доколку Моника Селеш не беше запрена во нејзината шампионска кампања пред три децении. Заедно со неа ја преживеавме секоја траума што следеше по инцидентот во Хамбург, крвавите дамки на лицето во „белиот спорт“.

View this post on Instagram

A post shared by Monica Seles (@monicaseles10s)

Моника Селеш, која денес го слави својот 51 роденден, сè уште живее во Сарасота, Флорида, и благодарение на Инстаграм е полесно од кога било да и се најде нејзина трага. Во слободното време сака да готви, да чита и да поминува време во природа. Сепак, таа се активираше и на полето каде најдобро се снаоѓа. Додуша, таа не се врати на теренот, но таа е таму некаде, во негова близина. Така ја забележавме во публиката на Вимблдон минатото лето, каде го следеше финалниот меч на Новак Ѓоковиќ. Активна е во жирито на наградата Лауреус, а одвреме-навреме се појавува на некој јавен настан кој не мора да е поврзан со тенисот.

Претходните години јавноста со право се прашуваше каде е до сега малата Мо и што прави. Но, оние кои ја следат на Инстаграм знаат со што се занимава во последно време. Тоа е, пред сè, здрав живот, што може да го потврди и нејзината линија, која ја доведе до совршенство благодарение на посебната исхрана, редовното вежбање и престојот во природа, за што сончевата Флорида, каде што живее со децении, обезбедува одлични услови. Таа често ги поканува своите следбеници да и се придружат во спортските предизвици како брза прошетка низ шума или возење велосипед, еден вид натпревар во стилот „кој може најдолго да издржи“.

View this post on Instagram

A post shared by Monica Seles (@monicaseles10s)

Меѓу омилените теми на Моника во последните години е готвењето. Строго се грижи за храната, иако една фотографија открива дека понекогаш може да „греши“ со омилените колачи.

Иако, како што изјави во едно интервју, приоритет денес и се семејството, пријателите и добрата забава, сепак по долго отсуство реши повеќе да се вклучи во тениските настани. Овој пат без рекет.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs