Бети од „Идол“ со нова песна после повеќе од една деценија - слушнете ја „Сама“

Добивај вести на Viber

Пејачката Елизабета Јовановска, која на јавноста ѝ е попозната под уметничкото име Betty Lynn, вчеравечер ја промовираше својата најнова песна „САМА“.

Оваа песна испраќа силна порака на моќен и искусен вокал, кој ненаметливо се пробива на музичката сцена.

За текстот, музиката, па дури и спотот заслужен е пејачот Виктор Апостоловски, долгогодишен пријател и колега на Бети. На прашањето што ја инспирирало за ваков текст, вели: 

„Инспирација беше моменталната состојба во која што се наоѓав тој период. Буквално бев заглавена во еден токсичен круг, во кој немаше промени. Песната е всушност едно ослободување за мене, а верувам и за сите оние оние што одлучиле да продолжат сами - не затоа што не можеле да бидат со некого, туку затоа што го одбрале сопствениот мир и напредок, наместо да следат туѓи патеки по цена на сопствена жртва“.

Спотот е снимен на локации во прекрасното Маврово, место каде Бети го поминала своето детство. 

Инаку, пошироката јавност ја памети Бети од времето кога се појави на музичкото шоу Македонски Идол, а „Сама“ ѝ е четврта песна досега. Признава дека за следните музички остварувања нема да чека да помине уште една деценија. 

Слушнете парче од нејзината душа и споделете доколку ви се допаѓа. Да слушаме македонска музика и да поддржуваме македонски артисти.