Со скромен буџет ја реновирале куќата: Брачен пар одушевија со резултатот ФОТО
Реновирањето куќа во аранжман „направи сам“ можеби изгледа како невозможна задача, можеби се сомневате во сопствените вештини и способности, но брачната двојка Вики и Мет Колис од англискиот град Шрусбери се доказ дека сѐ може да се направи кога се сака. Целосно си го реновираа домот, а речиси сè направија сами со скромен буџет.
Откако купија куќа со три спални соби во живописниот Шрусбери, Англија во ноември 2019 година, парот Вики и Мет Колис одлучија целосно да го реновираат старомодниот и запуштен имот. Тие ја купиле куќата за 220.000 фунти, а по реновирањето со мал буџет, нејзината вредност се зголемила за цели 80.000 фунти.
Куќата имала „очајна“ потреба од реновирање и во неа никој не живеел неколку години. „Сѐ требаше да се реновира и знаевме дека ќе бидеме преплавени од работа“, изјави за Џем прес 31-годишната Вики, која работи како административна помошничка. Кујната била старомодна, бањата имала тепих, а насекаде цветни тапети и црвени теписи.
Сакавме да создадеме убав семеен дом и со нетрпение го очекувавме предизвикот сами да го преуредиме, додаде Вики. И беше доста предизвикувачки бидејќи парот остана во куќата за време на реновирањето, па неколку дена беа без бања. За среќа, нивните роднини живеат во близина, каде што можеле да користат бања, а мијалникот во кујната бил користен и за одржување на лична хигиена.
Поголемиот дел од работата ја завршиле сами, правејќи сè, од обложување на ѕидови, поставување вградени гардероби, дизајнирање и инсталирање на кујната, правење полици за бања, плочки и подови. Имале помош само од пријатели градители за големи работи, вклучително и уривање ѕидови во кујната, и од водоинсталатери и електричари каде што било потребно.
ФОТО: ИНСТАГРАМ