ПОВЕЌЕ СНЕГ И ДОЖД, ДУРИ И ВО КОТЛИНИТЕ - еве какво време не очекува во декември
Овој месец може да очекуваме повеќе снег и дожд, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски повикувајќи се на долгорочните анализи на времето. Иако напоменува дека долгорочните прогнози се променливи, додава дека оваа година се очекуваат повеќе ладни бранови од север во споредба со минатата година.
- Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го поминеме во знакот на значително постудено време за разлика од лани, како и со почести врнежи од дожд и снег.
Температурите овој декември ќе бидат околу, повремено и потпросечни, што значи дека може да очекува почести ладни продори од север, кои би условиле врнежи од дожд и снег, како и формирање, или зголемување веќе на постоечката снежна покривка на планините, како и на Скијачките центри - нагласува Попоски.
Потоа додава дека во ваква ситуација во текот на овој месец може дека очекуваме врнежи од снег и на пониските места (градовите) со оглед на тоа што не очекуваат почести ладни продори од север.
- Според долгорочното анализирање на времето, овие ладни продори се очекува да донесат снег и во Скопската котлина, но околу ова допрва ќе го анализирам времето, па така граѓаните на Скопје навремено ќе бидат информирани околу тоа кога ќе падне првиот снег во ниските делови од котлината.
Се на се, оваа година ќе имаме еден поинаков декември за разлика од минатите години, односно значително поладен и со повеќе дожд, снег како и со снежни идили - укажува Попоски.
Извор: Фактор
Фото: Freepik.com