Хари и Меган не се поканети, а тие ќе слават на 2 локации: Еве каде ќе го поминат Божиќ принцот Вилијам и Кејт

Добивај вести на Viber

И додека Хари и Меган не добија покана за традиционалниот собир на кралското семејство на 25 декември, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон оваа година слават особено значаен Божиќ.

Кралскиот пар овогодинешните празници ќе ги помине на две локации, опкружени со семејство.

Според „Дејли мејл“, Вилијам и Кејт заедно со нивните деца ќе го посетат имотот Сандрингам, каде што престојуваат кралот Чарлс и кралицата Камила. Според традицијата, тој ќе присуствува на свечената миса во црквата Св. Марија Магдалена. По мисата ќе приредат ручек во нивниот дом во Анмер Хол, каде покрај кралот и кралицата ќе им се придружат и членовите на семејството Мидлтон.

Кралот со нетрпение ја очекува средбата

Извори за странските медиуми велат дека кралот Чарлс со нетрпение го очекува празничниот собир и дека наводно го надгледува планирањето на целата прослава. „Кралот веќе го прифати божиќниот период и празничниот дух. Персоналот што го виде во текот на неделата вели дека изгледал среќно и здраво“, се вели во соопштението.

Првиот голем собир по дијагнозата

Овој Божиќ го означува првиот голем собир на кралското семејство откако на Кејт и на кралот Чарлс во јануари им беше дијагностициран рак. Кејт заврши со хемотерапија во октомври, додека кралот продолжува со неделните третмани.

Нема сомнеж дека покрај се, ова беше и многу тешка година за нив.

Извор: Mondo.rs