Слатко изненадување за слатки задоволства со Стопанска банка а.д. Битола
Стопанска банка а.д. Битола во соработка со Mastercard креираше слатко изненадување за сите свои веќепостоечки и нови клиенти. Станува збор за промотивен ДВОЕН CASHBACKкој ќе имаат можност да го добијат сите корисници на Mastercard Standard картичката на Стопанска банка а.д. Битола. Корисниците на многу едноставен, брз и поволен начин можат да извршат поврат на дел од своите потрошени средства. Поволноста на оваа единствена понуда предизвика огромен интерес кај клиентите и резултираше со видлива побарувачка на Mastercard Standard платежните картички на Стопанска банка а.д. Битола.
Сите корисници наMastercardStandard картичката на Стопанска банка а.д. Битола која е кредитен производ со лимит до 500.000 денари и фиксна каматна стапка за првата година од 7,99%, ќе имаат единствена можност да добијат ДВОЕН CASHBACKна потрошените средства. За направен годишен промет со Mastercard Standard картичката кој е еднаков или поголем од 100.000,00 денари корисниците ќе добијат 1% поврат на средства, а доколку истовремено редовно ги сервисираат обврските ( до 10-от ден во месецот) во текот на календарската година за која се однесува прометот ќе добијат дополнителен cashback од уште 1% на прометот на годишно ниво.
Под годишен промет се подразбира користење на картичките во продажна мрежа (ПОС) или на банкомати (АТМ) во земјата и странство.
Стопанска банка а.д. Битола води грижа за сите ваши потреби и желби и со овој единствен ДВОЕН CASHBACK додека уживате вотрошењето дел од вашите средства ќе се акумулираат и средствата од двојниот cashback ќе бидaт префрлени на вашата трансакциска сметка на првиот работен ден во новата календарска година.
Двоен cashback за двојно повеќе слатки задоволства и уживањe!