Славица уште еднаш го покажа раскошниот вокал, а заради Милица, Шерифовиќ се качи на маса: Македонките издоминираа во „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Во последната емисија од четвриот круг, двете Македонки издоминираа во натпреварувањето...

Струмичанката Славица Ангелова ја отвори последната емисија од четвртиот круг на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Освен со своите вокални способности, таа освои и со изгледот. Имено, на големата сцена се појави во црн долг фустан, кој ја следи линијата на нејзиното тело. 

View this post on Instagram

A post shared by Slavica Angelova (@slavica.angelova)

„Ја волим свој грех“ од Марија Шерифовиќ беше првата песна со која се претстави и заради која уште на почетокот освои 3 големи гласа, додека како брза песна ја испеа „Танго“ од групата Негатив.

Иако победи во дуелот, Славица не освои 6 гласа за директно да се пласира во петтиот круг, па преку баражот се избори за своето место во понатамошното натпреварување.

За младата Милица Трајков од Кавадарци работите беа полесни. Таа за изведбите на песните „Сузе за крај“ од Даница Крстиќ и „Инсомниа“ од Јелена Карлеуша освои максимални 6 гласа и директно се пласираше во петтиот круг.

Додека ја пееше првата песна на себе носеше црвен широко здолниште, кое го соблече за втората и се појави во црн комбинезон, кој го истакна нејзиното тело. 

View this post on Instagram

A post shared by Milica Rizo Trajkov (@milicarizzo)

Пред крајот на нејзината втора песна, пејачката Марија Шерифовиќ се качи на маса и даде силен аплауз како награда за одличната изведба.

Настапите на нашите натпреварувачки може да ги погледнете во видеото во продолжение - настапот на Славица започнува од 6:56, а на Милица од 1:57:00.


фото: Принтскрин / Јутјуб