СМРТНОСТА ОД КОНГО-КРИМСКАТА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА Е 40 ПРОЦЕНТИ, БОЛЕСТА УСМРТИ 27 ГОДИШНА ШТИПЈАНКА: Била касната од крлеж изваден во домашни услови
Пред три дена во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, информираше Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети.
Реше дека станува збор за млада 27 годишна жена од штипско.
„Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогредирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети.