Смути од јагоди: Одличен напиток за енергичен ден

Добивај вести на Viber

Смутито е прекрасен и енергетски пијалок. Оние кои го пијат наутро им дава енергија и свежина во текот на целиот ден, затоа и важи за еден од најдобрите утрински ритуали.

Доколку ги сакате јагодите ова е одлична идеја за вас.

Потребни состојки:

Една мала здела јагоди, свежи или замрзнати

Една банана и

Половина чаша јогурт, или повеќе по желба

Јагодата е калорично овошје а има и доста лековити својства. Го стимулира работењето на џигерот и бубрезите и го подобрува процесот на исфрлувањето на течностите од организмот. Тие содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали, ја поттикнуваат детоксикацијата и го намалуваат ризикот од настанувањето на малигните тумори. Билните феноли го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, а со самото тоа го поттикнуваат  работењето на срцето.

Фото: Freepik