Снежна идила: Викторија Лоба предновогодишно замина на зимски одмор

Сезоната на зимување и уживање во снегот и зимските спортови е вее во ек. Пејачката Викторија Лоба веќе ги објави првите фотографии од нејзиниот зимски одмор.

Лоба ужива во снежната покривка на локација која засега не ја откри на фотографиите објавени на инста стори.

Она што откри е дека заминала на одмор за да се релаксира. Облечена во зимски џемпер пејачката позира додека во заднина се гледа вистинска снежна идила.

Познато е дека пејачката ужива во зимските спортови, често во овој период од годината објавува фотографии од некој ски центар каде ужива во скијањето.

Фото: Инстаграм