Со 88 апликации за патенти на уреди на преклопување, HUAWEI го претстави новиот Mate X2

HUAWEI Mate X2 беше претставен во бела, црна, кристално сина и кристално розова боја

Следејќи ја својата долгорочна политика на инвестиции во развојот и технолошките иновации, Huawei Consumer Business Group (BG) го претстави HUAWEI Mate X2 - преклопен flagship на новата генерација, кој започнува нова ера во иконскиот Falcon Wing Design и нови перспективи за технологијата на мобилните телефони.

Huawei секогаш се труди да обезбеди подобри производи и услуги на своите корисници. За да се постигне оваа цел, компанијата продолжува да инвестира во развој иразни видови истражување. Во 2019 година, компанијата е број 1 во поднесени патенти до EuropeanPatentOffice, а годишните инвестиции во R&Dизнесуваат 15,3% од приходите на компанијата.

Со целосно нов компактен дизајн и поместен центар на гравитација, HUAWEI Mate X2 нуди одлично корисничко искуство и во затворена и во отворена позиција. Во затворена положба, уредот нуди еден од најголемите дисплеи во индустријата. Со совршен инженеринг, HUAWEI Mate X2 се преклопува во компактно тело и се претопува во комплетен екран со рамен панел.Челикот и јаглеродните влакна градат лесен, но сепак исклучително издржлив уред. Опремен со четирикратна UltraVisionLeicaCamera, моќен стерео аудио систем со два звучници и супербрз чипсет Kirin 9000 5G – ги комбинира едни од највисоките технологии во индустријата во моментот.

„Со некои од најдобрите иновации во софтвер и хардвер, HUAWEI Mate X2 претставува огромен скок во технологијата и ја отсликува иднината на уредите на преклопување“, вели Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group. „Иако многумина го препознаа HUAWEI Mate Xs како најдобар уред на преклопување, ние продолживме да бараме начини да го направиме корисничкото искуство со оваа категорија на производи уште подобро. HUAWEI Mate X2 ја претставува иднината на технологијата на паметни телефони, со револуционерни иновации и фантастично корисничко искуство.“


FalconWingдизајнубавина и функционалност

HUAWEI Mate X2 се преклопува сосема природно во компактна форма со заоблени агли. Во преклопена положба, тој има закосен грб, што овозможува профилот на уредот да достигне 4,4 мм на едниот крај. Центарот на гравитација е малку поместен од центарот на уредот за совршена рамнотежа во двете позиции.

Mate X2 е базиран на конструкција со два дисплеја, при што внатрешниот има дијагонала од 8 инчи - еден од најголемите во својата класа. Покрај тоа, HUAWEI Mate X2 воведува магнетски контролиран нано-оптички слој за да се минимизираат рефлексиите. Работи синхронизирано со 6,45-инчниот надворешен OLED дисплеј. Двата дисплеја имаат супер висока резолуција, висока чувствителност на допир во многу кратки интервали и брзина на освежување од 90Hz, за континуиран премин од режим во режим.

Кога е преклопен, HUAWEI Mate X2 е прекрасно дизајниран паметен телефон. Надворешниот дисплеј има размер 21:9, компатибилен и удобен за многу апликации. Отворен пак, се претвора во паметен уред со сооднос од 8:7,1.

Под неговиот минималистички дизајн, HUAWEI Mate X2 крие уште една иновација за индустријата - Multi-Dimensional Hinge, технологија која компанијата ја работи 5 години за да го достигне сегашното совршенство. Со помош на повеќенасочен механизам, преклопот формира мала празнина, со големина на капка вода, каде што дисплејот се повлекува кога е преклопен. Сите рабови се заштитени од прашина и потенцијално оштетување на дисплејот.

Отворени за нови искуства

Со своите два дисплеја, HUAWEI Mate X2 го нуди најдоброто од двата света. Поголемиот дисплеј нуди просторно видно поле, а можноста за преклопување нуди практична преносливост. Комбинацијата доаѓа како резултат на бројни студии за однесувањето на потрошувачите во различни ситуации - од сурфање на Интернет до канцелариски задачи, преглед на медиумски наслови, онлајн купување и игри, HUAWEI Mate X2 се обидува да понуди совршено решение за секоја од нив. Големиот дисплеј на HUAWEI Mate X2 е надополнет со голем број паметни карактеристики кои го олеснуваат мултитаскингот, како Smart Multi-Window[1], Floating Window, App Multiplier, App Bubble и други. Multi-Window им овозможува на корисниците да прегледуваат содржина од апликација без минимизирање на тековната, како што е прегледување прилог од е-пошта без излегување од апликацијата за е-пошта или отворање хиперлинк во Notepad. App Multiplier ви овозможува да отворите повеќе копии од истата апликација, а преку MeeTime можете лесно да споделувате содржина со контактите само со влечење до соодветниот прозорец, без ограничувања на големината, бројот или форматот на фајлот.Active Floating Windows не само што можат да се менуваат и распоредат во App Bubble, тие исто така можат да го заменат секој активен Multi-Window во кое било време. Без разлика дали корисникот го користи за работа, забава, социјални мрежи или шопинг, HUAWEI Mate X2 е брз, пријатен и user-friendly.


Продуктивност на новата генерација

Покрај привлечниот изглед, HUAWEI Mate X2 е моќен flagship со врвна аудио-визуелна технологија, исклучително брз и енергетски ефикасен чипсет, со голема брзина и стабилна поврзаност.

Како водечки flagship на Huawei - лидер во мобилната фотографија, Mate X2 е опремен со четирикратен Ultra Vision Leica систем на камери кој им овозможува на корисниците да ја доловат убавината на светот со кристална јасност во кое било време од денот.

50-мегапикселната камера со широк агол, Super Sending, има еден од првите RYYB филтри за филтри во боја (CFA), поддржува 4-во-1 комбинација на пиксели и Full Pixel Octa PD AutoFocus. Фотографскиот систем вклучува и перископска телефото камера со 10x оптички, 20x хибриден и 100x дигитален зум.Ултра-широкоаголната камера од 16 MP не само што обезбедува прекрасни фотографии со одлична перспектива и ширина, туку исто така поддржува макро режим за снимање на предмети што се наоѓаат на само 2,5 см од објективот. Уникатниот дизајн на преклопување овозможува четирикратната Ultra Vision Leica камера да се користи и за селфи.

Во однос на аудио, HUAWEI Mate X2 е целосно опремен да стане лично кино во џебот на потрошувачите. Опремен е со пар стерео звучници кои користат ултра тенки амплитудни драјвери и го поддржуваат Huawei Histen за да обезбедат јасен и нежен звук со сето свое совршенство.


Уредот доаѓа со батерија со капацитет од 4500mAh и поддршка на 55W HUAWEI SuperCharge, па дури и паузата за кафе е можност да го наполните за нови авантури.

HUAWEI Mate X2 беше претставен во бела, црна, кристално сина и кристално розова боја.


[1]  Поддржано од одредени апликации. 

Пр објава