Со алтернативниот превоз до поголема безбедност во сообраќајот

Добивај вести на Viber

АМСМ, во рамките на „Март-месец на жената“, традиционално jа одржа трибина за поголема безбедност во сообраќајот. Целта на овие трибини, кои секоја година се осврнуваат на различна проблематика од сферата на безбедноста во сообраќајот, е да се подигне свеста за безбедноста на припадничките на понежниот пол како активни учеснички во сообраќајот, а преку нив и свеста на семејствата и на помладите генерации учесници во сообраќајот.


Трибината со свое обраќање ја отвори г-ѓа Ирена Миновска –Пехливанова, стратегиски менаџер на АМСМ. На годинашната трибина свој стручен придонес дадоа претставници од сите релевантни институции, односно од Министерството за внатрешни работи, Јасминка Ангелова (државен советник во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи), Билјана Секуловска-Габер, (советник во Град Скопје), а свое видување на проблематиката презентираат: Анѓелка Пеева-Лауренчиќ (косопственик и директор на „Имиџ Пи-Ар“), Ружица Антиќ (уредник на женскиот магазин „Портрет"), Вики Ристоска-Чадиковска (маркетинг директор на Државниа видeoлотарија), Искра Ристовска, активист ( „На Точак") од нивниот искуствен агол.

Ангелова: ,,Одлична ми е идејата за популаризирање на велосипедскиот превоз како алтернатива пред се заради намалување на презагаденоста во градот. Огромни се придобивките од возење велосипед, особено за нас жените, сите сакаме да бидеме во форма, да го зајакнеме имунитетот, да го намалиме стресот, позитивно влијае на целото наше тело и душа. Како претставник на МВР сум најповикана да укажам и предупредам и на сите негативности од неправилното користење на велосипедот, со цел намалување и спречување на несаканите последици по нашиот живот и здравје. Недисциплината при возење велосипед и непознавањето на сообраќајните правила и прописи ги прави велосипедистите една од позагрозените категории на учесници во сообраќајот. МВР превзема зајакнати мерки и активности во врска со прекршоците што ги чинат велосипедистите, особено во дел од сообраќајниците каде има уредени велосипедски ленти ( 4.96 км), велосипедски патеки ( 9.96 км), комбинирани површини за велосипедисти и пешаци (11.85 км) и поделени патеки за пешаци и велосипедисти (45.50 км), а каде што нема посебно уредени патеки предупредуваме велисипедистите да не се движат покрај левиот раб на коловозот во спротивна насока на движење, да не се движат спротивно во еднонасочни улици, да не влечат приколки, да не водат животни, да ги почитуваат семафорите и сооб знаци, се со цел да се намалат последиците од загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, да се едуцираат граѓаните, особено помладите за познавање и почитување на сообраќајните знаци, правила и прописи, да работиме на подигање на свеста, личната одговорност, заради безбедноста на сите нас. Од нашите податоци за 2018 година во сообраќајни незгоди со ПМВ има 133 загинати лица и 5860 повредени лица, додека со велосипед има 3 загинати лица и 257 повредени лица, евидентно е дека учеството во сообраќајот е побезбедно со управувањето на велосипед но само со целосно почитување на пропишаните правила и прописи.....’