Со денови ја вика да се врати: На Карлеуша ѝ се слоши на погребот на мајка си

Добивај вести на Viber

Познатата радио-водителка и новинарка Дивна Карлеуша која почина во неделата по тригодишна битка со ракот, е погребана денеска во Белград.  За нејзината ќерка, пејачката Јелена Карлеуша, Дивна не беше само мајка, туку и најдобар пријател и најголема поддршка, пишува „Курир“.

Марија Шерифовиќ дојде да ѝ оддаде почит на Дивна Карлеуша  

„Таа со денови ја довикува својата мајка да се врати. Уште не може да се помири дека ја нема“, вели пријател на пејачката за истиот медиум. На погребот на кој присуствувале многу пријатели на Дивна, на Јелена ѝ се слошило, и итно била однесена од гробиштата, пренесуваат српските медиуми.

Најпотресната сцена за која пишуваат белградските портали е кога Јелена, фрлајќи се врз сандакот во кој лежела нејзината мајка, го довикувала нејзиното име. 

Пејачот Саша Матиќ

 Поради тоа што Јелена Карлеуша е атеист, Дивна не била погребана според православните обичаи. Погребот се одржал без присуство на поп.

На погребот дошол и пејачот Велимир Гале Митровиќ, најголемата љубов на Дивна Карлеуша, со кого таа била 17 години во врска, по разводот. Велимир и Дивна беа заедно до 2009 година. 

Фото: Курир.рс