Со Јелена сакам да имам пет деца: Иван Босиљчиќ за Женски магазин

Иван Босиљчиќ. Познатиот српски актер и пејачката со ќерката во моментов се во Петерхоф, Русија, каде што тој снима серија. 

„ Нина е едно исклучително сензибилно дете. Истовремено знае да биде и борбена и онака, да се смири како некое пиленце. Имаме прекрасен однос. Еве, пред некое време ми рече дека јас сум нејзиниот најдобар другар. Тоа толку ми импонираше, толку многу. И ќе се трудам тоа да го одржувам. Сите мои претстави, концерти, јас ѝ ги посветив на Нина. Таа е сè уште мала за да го разбере тоа, но јас решив моите настапи  да ѝ ги оставам како спомен. Кога би ѝ оставил нешто на хартија, тоа би било писмо, но ова е како едно парче, една приказна која би сакал еден ден мојата ќерка да ја протолкува и да сфати што сакал татко ѝ да каже со неа“, изјави актерот за Женски магазин. 

За неговата сопруга Јелена, тој вели дека му е најголемата поддршка.

„ Кога зборувам за Јелена сите мислат дека кога ќе речам поддршка зборувам само за нашата работа, затоа што и двајцата сме јавни личности. Но, знаете што, нашиот живот е стабилен пред сѐ затоа што сме тука еден за друг. Љубовта е голем потенцијал за еден заеднички живот, но и љубовта мора да се негува. Тоа е како однос кон едно дрво, кое го залеваат двајца. Па потоа тројца, па четворица, па ако даде Господ и петмина, хахаха“, ни раскажа актерот. 

Босиљчиќ кој стана популарен токму поради сериите со љубовна тематика работени според романите на писателката Мир-Јам, и сега , во Русија, снима голема историска љубовна приказна. Серијата се прикажува на нивниот прв национален канал.

„ Во театарот сега имам неколку големи љубовни приказни. На пример, во операта и театар „Мадленианум“ го играм Големиот Гетсби, една од најголемите светски љубовни приказни на сите времиња. Потоа, во Театарот на Теразије играм во „Циганите летаат во небо“ и во „Зона Замфирова“. Зоне и Мане се нешто како нашите Ромео и Јулија. А во Русија исто така снимам голема историска љубовна приказна, која се прикажува на нивниот прв национален канал. Така што некаде, и понатаму се држам до љубовта. Само што тогаш играв од еден, да речам ергенски агол, а сега позрело ја третирам љубовта како родител, сопруг, и веќе маж во години“, додаде Босиљчиќ. (М.Џ.)