Со луксузна промоција, Anabella парфимерија го означи доаѓањето на легендарната козметика La Mer во Македонија
Вчера со почеток во 19 часот во ексклузивната парфимерија Анабела Мериот се одржа промоција на француската козметика La Mer. На настанот беа присутни гости од јавниот живот во Македонија, како и и медиумски претставници.
На присутните со поздравен говор им се обрати бренд менаџерот за La Mer во Македонија, Калина Чоковска. Им се заблагодари на гостите за нивното присуство, а веднаш потоа се обрати Маја Божовиќ, специјален едукатор за La Mer од Хрватска. Божовиќ им ја раскажа приказната за настанувањето на La Mer, но исто така ги посочи и предностите и бенефитите кои ги носи оваа врвна козметика.
Гостите имаа можност одблиску да се запознаат и да ја пробаат Crème de la Mer, крема која има висок култен статус, поради кој, огромен број приврзаници низ светот се заљубени во неверојатните придобивки на формулата на овој производ.
Приказната за La Mer започнува откако доктор Макс Хубер ќе претрпи несреќа заради која ќе се здобие со изгореници. Така започнува со екперименти во кои употребува морски тревки, надевајќи се дека ќе стигне до тајните на морските длабочини.
После 12 години и направени 6.000 експерименти од страна на д-р Макс Хубер, создаден е прецизен избор на состојки и времено-интензивен био-ферментиран процес, кои се некои од најсочуваните тајни во индустријата за убавина.
Целата козметика на брендот La Mer може да се најде единствено во парфимеријата Анабела Мериот во Скопје.