Со мобилна апликација може да го слушнете чукањето на срцето на вашето бебе

Повеќе не треба да чекате да одите на лекар за да го слушнете првото чукање на срцето на вашето бебе...

Највозбудливите работи за време на бременоста се слушањето на чукањето на срцето на вашето неродено дете и движењето на бебето јасно видливо на стомакот.

Сепак, повеќе не треба да чекате ултразвучно скенирање за да го слушнете отчукувањата на срцето на вашето дете - отсега ќе можете да го правите тоа преку телефон, кога, каде и колку сакате.

Bellabeat Shell е нова апликација која го следи и снима отчукувањата на срцето на вашето неродено бебе. Само треба да го преземете на вашиот телефон, држете го микрофонот на телефонот на стомакот и притиснете „сними“. Откако ќе ги снимите отчукувањата на срцето, можете да ги споделите со вашите најблиски.

Што друго да кажеме освен дека технологијата навистина напреднала и сè уште не можеме да веруваме дека вакво нешто постои.

Сепак, апликацијата најдобро функционира кога сте подоцна во бременоста, па затоа е најдобро да ја испробате кога ќе наполните седум месеци или подоцна.

Креаторите на оваа апликација објавија и дополнителен уред кој може да се додаде на телефонот, доколку сакате уште подобро и појасно да го слушате чукањето на срцето на бебето. Цената на уредот е 69 долари, додека самата апликација е потполно бесплатна.

Фото: Инстаграм
Извор: www.zenskimagazin.rs