Со оваа исхрана Анастасија Ражнатовиќ ослабела 20 кг: Процесот до совршена линија траел три години

Добивај вести на Viber

Анастасија Ражнатовиќ немала отсекогаш совршена линија. Некогаш нејзината исхрана не била ни приближна до она што е денес, поради што ќерката на Цеце Ражнатовиќ за кратко време се здебелила 20 килограми.

Таа неодамна проговори за процесот на слабеење, а откри дека патот до совршен изглед траел дури две-три години.

Имено, Анастасија за време на пубертетот се борела со емоционални кризи наоѓајќи утеха во храната. Кога видела дека драстично се здебелила, исхраната и станала драстично поинаква и тогаш го довела својот изглед до совршенство.

- Ја елиминирав нездравата храна и се трудев да не прескокнувам оброци. Најмногу јадам готвени оброци, а генерално избегнувам ресторани за брза храна – откри таа и додаде:

- Ако јадам нешто слатко, веднаш одам на тренинг за што побрзо да согорам калории. Клучот за добар изглед е дефинитивно во редовното вежбање.

Диетата на Анастасија Ражнатовиќ за витка линија и рамен стомак изгледа вака:

Појадок: овесна каша со црвено овошје/јајца со зеленчук

Ручек: Риба и зелена салата

Вечера: Потаж од тиква

Анастасија советува и секогаш кога ќе почувствувате глад, да пиете чаша вода со лимон, за што побрзо ќе се чувствувате сити.