Со велосипед од Аеродром до Центар: Пејачката Ирена Спасовска покажа како се сака Скопје (ВИДЕО)
Фолк- пејачката Ирена Спасовска често споделува приватни моменти на своите социјални мрежи
Така овој пат таа откри дека возела велосипед од населбата „Аеродром“ до населбата „Центар“ во нашиот главен град.
Многу задоволна од велосипедските патеки, како и воодушевена од знаменитостите на Скопје, Ирена објави видео на кое напиша:
„Денес се мислев да летнам накај Рим или Виена, но изборот падна да го прошетам моето Скопје. Права светска метропола. Автомобил ретко користам бидејќи најдобро се шета со велосипед. Изборот ми е одличен и против загадување на воздухот и против сообраќајниот метеж. Велосипедските патеки се конекција за цел град. Си тргнав од реонски центар Аеродром до Центар и назад. Луна си уживкаше, а искрено и јас. Скопје е метропола која ја посетуваат многу туристи. Во тоа се уверив и денес. Го сакам Скопје во сите годишни времиња, а во пролет ми е најубав.“
Прошетката погледнете ја ТУКА