Софија се омажи за милионер, па ги посоветува жените да ги избегнуваат сиромашните момци: Не е спонзоруша, но сака пари
Софија се омажи за милионер
од Дубаи и испрати важна порака до сите жени.
Софија Кралов тврди дека никогаш не би се запознала со некој сиромашен маж, па затоа многумина ја напаѓаат и судат, но тоа не и пречи.
Таа на социјалните мрежи постојано споделува моменти од својот луксузен живот со милионерот од Дубаи и им порачува на жените да ги подигнат своите стандарди:
-Ваш секојдневен потсетник нека биде - никогаш да не излегувате со сиромашни мажи.
Од видеата кои ги споделува може да се забележи дека таа буквално живее раскошен живот, често оди на луксузни патувања, носи скапи чанти и часовници. Одењето во скапи ресторани и е секојдневие, како и пазарење во дизајнерски продавници. Вози и скап автомобил за кој многумина можат само да сонуваат.
- Кога сопругот ви пружа претседателски третман, зашто би очекувале нешто помалку од тоа – напиша таа во една објава.
Таа исто така истакна дека жените треба да бидат финансиски независни, што дополнително ги налутило луѓето, бидејќи се фалела со богатството на својот избраник.
- Жените треба да бидат финансиски независни, не е важно кој е вашиот татко и кој ќе биде вашиот сопруг, не е важно кој е вашиот брат, жената треба да одговара за своите финансии, објаснува таа.
Таа имаше и порака за мажите:
- Правила за вистински маж во врска: излегувајте барем еднаш неделно, купувајте ѝ подароци од нејзиниот список без причина, патувајте на романтични места и истражувајте го светот, изјави Софија.
- Бидете богата жена со богат сопруг, која патува низ светот и го живее животот за кој отсекогаш сонувала, изјави таа и додаде:
- Или изберете богат човек или не трошете време, заврши Софија.
Таа ги советуваше жените да се образуваат, да работат, да уживаат во животот и да бидат свои, но никогаш да не се согласуваат да излезат со маж кој не е финансиски обезбеден.
Фото:sofiakralov/instagram