Софија Вергара се разведува: Еден од најубавите парови на светската сцена вака ја објави шокантната одлука

Софија Вергара и Џо Маганиело се разделуваат по седум години брак. Тие важеа за еден од најубавите, но и најстабилните парови од светската јавна сцена. А вчера објавија соопштение за разделбата. Одлуката шокираше многумина. Него одамна не сме го виделе покрај актерката, што можеше да го навести крајот.

„Ние донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две лица кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека се движиме во оваа нова фаза од нашите животи“, Софија Вергара и Џо Маганиело. изјавија нза Page six. 

Изворот додаде дека поранешните сопружници веќе извесно време се оддалечуваат еден од друг.

Поранешната двојка се запознала во 2014 година на вечера во Белата куќа, таа веднаш била воодушевена од него и коментирала дека е „премногу убав“. Дека Џо е вистинскиот за неа, покажала кога за него го оставила својот вереник Ник Леб со кој планирала и деца, а во 2013 година и замрзнала ембриони. 

Софија Вергара се откажа од тие планови. А нејзиниот син Маноло, кој го имаше со поранешниот сопруг Џо Гонзалес, денес има 31 година. Бракот на актерката траеше кратко, од 1991 до 1993 година.

Се шпекулираше дека Софија имала врски со луѓе од другата страна на законот, како што се колумбискиот нарко бос Андрес Лопез и Крис Пачело, кој ги криел своите криминални активности со ликот на бизнисмен и сопственик на клуб.

Софија ги доживеа најтешките моменти во животот кога нејзиниот постар брат Рафаел беше убиен во 1998 година при неуспешен обид за киднапирање. Актерката е многу блиска со ќерката на Рафаел, со која често се појавува на Инстаграм. На 28-годишна возраст оперирала рак на тироидната жлезда, а нејзиниот помал брат Хулио бил депортиран од Америка во Колумбија, бидејќи се вклучил во светот на дрогата и алкохолот.


Фото: Youtube - screenshoot