Сонце на лицето и ќебе во скутот: Како изгледале последните денови на принцот Филип во замокот?

Принцот бил одлучен дека не сака да умре во болница. Кога се вратил во Виндзор, кажал дека повеќе не се враќа во болница.

По повеќе од седум децении поминати во брак, кралицата Елизабета Втора остана без својот сакан сопруг, принцот Филип, кој почина на 99 години.

Иако бил во тешка здравствена состојба, британските медиуми пишуваат дека кралицата и принцот уживале во времето кое им преостанувало.

Последните недели често спиел по цел ден, но имало и моменти на голема луцидност и среќно заедништво, пренесува Daily mail.

Еден таков момент се случил кога ги испуштил очилата, а слугата скокнал напред за да ги земе.

„Нема врска. Јас ќе го направам тоа“ - кажал војводата, подавајќи ја раката. Така и направил, наведнувајќи се по очилата.

Во една друга прилика кралицата дознала дека нејзиниот сопруг одбивал да го носи апаратот за слушање.

„Тоа значи дека мораме да викаме“ - додала кралицата.

Некои беа фокусирани на прославата по повод 100 - от роденден на принцот, но тој не бил сентиментален човек.

За него многу поважно било да умре дома во својот кревет, а датумот бил неважен.  Од особено значење му било тоа да се случи во дворецот Виндзор, каде е родена неговата мајка, принцезата Алиса, правнуката на кралицата Викторија.

Последните денови често бил затворен во својата соба, но во неделите по излегувањето од болница, бил мирен и тивок.

Храна му носеше на послужавник, но тој често имал многу малку апетит.

Се промениле и некои рутини, па така го откажал утринскиот чај во 7:30 часот, кој му го служеле во соба, каде, помеѓу ретките лични работи секогаш на виделина му биле две врамени фотографии - една од неговата сопруга и друга од неговата мајка.

Интересно е дека помеѓу семејните фотографии на децата и внуците кои секогаш ги чувал на работната маса во Виндзор била и една од принцот Чарлс и принцезата Дајана, направена  на денот на нивната венчавка.

Оние денови кога се чувствувал доволно силно за да излезе од својата соба, облекувал кошула и џемпер, панталони и чевли. Според зборовите на упатените, Филип сѐ уште се облекувал сам, барем до неодамна.

Кога деновите биле топли, барал да му се намести стол во дворот, каде седел на сонце, со ќебе на нозете. Често дремел.

Се движел отежнато, па користел стап. Повремено дозволувал да го туркаат во инвалидска количка, но вработените биле претпазливи кога му давале таков предлог.

Според пишувањето на Daily Mail, принцот Филип имал една амбиција - бил одлучен да го заврши својот живот во болница.

„Кога се вратил во Виндзор, кажа дека повеќе се враќа во болница“ - открива еден од вработените.

Кога се чувствувал доволно добро, зборувал со семејството и пријателите на телефон - за разлика од кралицата, не бил обожавател на разговорите преку „Зум“.

Но, бил фрустриран на ограничувањата воведени поради вирусот Ковид - 19, кои не ги ограничувале само посетите на семејството, туку значеле и потешкотии во негата која му била потребна.

Не дошло до драматичен пад на неговото здравје, туку тоа се одвивало постепено. Порано оваа недела, персоналот кажал дека Филип „е во добра форма“. Сѐ уште читал и пишувал писма.

Беше човек кој се гордееше со својата конција и кој ретко се жали. Покрај тоа, не бил без болки.

А, потоа во петокот, на 9 април, засекогаш го напушти овој свет.

фото:  Tanjug/AP