Животна училница // Семеен Албум
Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа, секое изгрејсонце ликот твој го има: Андријана Јаневска ѝ посвети емотивни зборови на починатата мајка
Пејачката Андријана Јаневска со емотивна посвета за својата почината мајка, Нада.
Пред пет години мајката на Јаневска почина од мозочен удар на 62 години. Таа беше нејзината најголема поддршка. Загубата на мајка е болка која никогаш не поминува, останува само споменот. Па така пејачката со емотивни зборови го овековечи споменот за мајка си.
„Веќе петто лето, петта
зима,
Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа,
секое изгрејсонце ликот твој го има,
во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам.
На мајка ми Нада“
Напиша Андријана на социјалните мрежи и објави колаж од заеднички ретро фотографии.
Андријана по смртта на мајка и Нада и ја посвети песната „Летај“.
Фото: Фејсбук