Моден фокус // Трендови
Сопругата на Тарик Филиповиќ во идеален фустан за летни свадби: Ефектно и тренди
Сопругата на актерот и водител Тарик Филиповиќ во одлично модно издание
Имено Лејла Филиповиќ е позната по својот прекрасен моден стил, па и овој нејзин моден избор не беше изненадување.
Станува збор за краток фустан на едно рамо во ефектна розова боја, со специфични модни детали. Изгледа како одлично модно парче од кое би можеле да земете инспирација, доколку сте гостин на некоја свадбена веселба ова лето.
Комбинацијата е надополнета со накит, мала чантичка и сандали во златна боја.
*Тарик Филиповиќ ужива во среќниот брак со Лејла Филиповиќ, која е четири години помлада од него, а која остана запаметена по голем скандал