(ФОТО) Сопругот ми подари приватна сауна: Драгана Мирковиќ ужива во куќата од бајките

Луксузниот дом на фолк-пејачката Драгана Мирковиќ во Виена секогаш е актуелна тема и во австриските медиуми. Откако српските портали на крајот на минатата година објавуваа наслови од типот: „Луксуз или кич“ и „Приватната сауна на Драгана“, австриските се занимаваат со како што велат „куќата од бакјите на српската пејчка и бизнисменот“.   

Драгана Мирковиќ повеќе од две децении живее во Виена со бизнисменот, сопругот Тони Бијелиќ и со децата Мануела и Марко.


Куќата има неколку спални соби, базен, дрвени скали кои водат до горниот кат, бања украсена со Сваровски кристали, приватна сауна, а пред неколку години, семејниот дом го надополнија со нов италијански мебел. 

„За базенот немам многу време, но сауната е мое место каде што најмногу се опуштам.Тогаш се моите пет минути во денот кои секоја жена треба да ги има. Сопругот ми ја подари сауната, инаку не беше во првичниот план на куќата. Беше тоа едно прекрасно изнанедување од него. Таму најмногу се одмарам, во мојот приватен рај“, изјави Мирковиќ. 

За уредувањето на домот, се погрижил сопругот на пејачката.

Од дневната соба, директно се излегува накај големиот базен во кој најчесто уживаат децата, а Драгана не се рекреира во него често. Мирковиќ претходно има изјавено дека Сваровски кристалите, со кои е украсена бањата ги користат и за други цели. 

Коментароте од читателите под текстот се различни. Од позитивни од типот: „Кој се труди, тој ќе успее“, до негативни како: „Ова е кич“. Една обожавателка на Мирковиќ од Херцеговина која живе во Виена, дури ѝ се нуди на пејачката да ја вработи како чистачка во нејзиниот дом.