Сопственичка на оваа импозантна вила на Мајорка е Ана Ивановиќ (фото)

Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајншајгер поседуваат неколку имоти: од куќа во подножјето на австриските Алпи, апартмани во Минхен и Белград, до луксузна вила во Мајорка.

Благодарение на објавите на социјалните мрежи, имаме можност да видиме како денес изгледа импозантниот објект сместен во населбата Сон Вида.

За оваа населба се вели дека е една од најубавите во Шпанија, но сепак е исклучително тивка, што го прави идеално место за семејството на Ана кое не сака премногу да се експонира.

Што се однесува до самата вила, Ивановиќ во неколку наврати покажа делови од таа медитеранска убавина.

Домот на Ана Ивановиќ во Мајорка го краси голема тераса, совршена и за читање и за вежбање, со нереален поглед на морето и градот.

Како што своевремено пишуваа шпанските медиуми, српската тенисерка за вилата платила 4,5 милиони евра, со тоа што подоцна дала уште два милиони за реновирање.

Имотот се простира на нешто помалку од 6.000 квадратни метри, а вилата зафаќа 950 м2.

Домот на Ана Ивановиќ има, меѓу другото, пет спални соби и четири бањи, како и простран двор со базени и тениски игралишта.

Поранешната тениска ѕвезда е дама со стил, па не е ни чудо што секоја соба ја украсила со вкус.

Елеганцијата и минимализмот се два волшебни зборови кои наједноставно го опишуваат домот на Ана Ивановиќ во кој нашата тенисерка ужива со сопругот и синовите.

Извор: Глориа

Фото: Инстаграм