„Соседи“ ослободува од предрасуди и стереотипи

Добивај вести на Viber

Пред околу 100 претстаници преставници на невладини организации, социјални установи и лица со попреченост вклучени во процесот на де-инстуционализација, како и официјални лица од Министерството за труд и социјална политика и агенциите на Обединетите нации, денеска се одржа премиерното прикажување на хрватскиот документарен филм „Соседи“.

„Соседи“ ја раскажува приказната на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост од Осиек (Република Хрватска), кои после декади поминати во изолација, ја напуштаат институцијата за згрижување и почнуваат независен живот. Филмот се прикажува во рамките на регионалната програма „DOX FOR CHANGE”.

„Се надевам дека преку серија на јавни прикажувања на документарниот филм „Соседи“ во земјите од регионот ќе се иницира јавна дебата за модерните медицински модели за третирање на менталните болести, но и за правата на лицата со психо- социјални пречки да живеат независно во рамките на една заедница. “ – истакна режисерот и авторот на документарниот филм – Томислав Жаја.  

Во ситуација кога многу држави ја ратификувaa Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост кои се’ уште се соочуваат со маргинализација и социјална исклученост, подигнување на свеста за правата на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост да живеат во заедница, е од особено значење.

„Министерството за труд и социјална политика со поддршка на другите партнер организации, пред се агенциите на ОН, веќе извесен период напорно работи во правец на трансформација на институциите за социјална заштита. Во следниот период, ќе се зајакне соработката со општините со цел приспособување на услугите за лицата со попреченост“ – потенцираше претстанивкот на МТСП, Душан Томшиќ.

Прикажувањето на филмот е во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации преку заедничкиот проект „Градење на локален модел за деинституционализација на лица со попречености “. Проектот дава поддршка на живеењето во заедницата на лицата согласно УН Конвенцијата за правата на лицата со попречености. Исто така, во рамките на заедничкиот проект на агенциите на ОН во државата се работи на креирање услуги во чии фокус се лицата со попречености и тоа со активно вклучување на самите лица како креатори на услугите преку кои треба да ги реализираат своите права.

Трејлер на филмот: https://vimeo.com/313827079