Целосна спротивност на поранешната сопруга Јована: Ова е новата девојка на Сале Тропико (ФОТО)

Еве како изгледа новата девојка на Сале Тропико

Кога пред нешто повеќе од три години Александар Цветковиќ и Јована Пајиќ објавија дека се разведуваат, многумина веруваа дека некој друг е виновен за тоа. Сите овие години јавноста чека кој прв ќе објави дека нашол нова љубов.

Изгледа прв тоа го направи Сале, кој неодамна потврди дека е емотивно исполнет, а сега камерите на „Папарацо лов“ го уловија со девојка која не е од јавниот живот.

Фото: youtube/Paparazzo Lov Pink

Пејачот бил со ќерките и девојката во трговски центар, каде заедно се шетале и си играле. Таа и Сале се со слична висина, неговата партнерка има кратка права коса и пирс на носот.

Дека добро се сложуваат покажува и тоа што дури сакаат да се облекуваат исто, имаат сличен имиџ, бидејќи девојката носи и капа и очила.

Фото: youtube/Paparazzo Lov Pink

- Јас сум многу добро. Емотивно сум исполнет, живеам супер, имам убав и мирен живот и уживам во секој ден. И духовно и љубовно. Ја имавте мојата претходна врска на лажица, па сега не би зборувал многу. Меѓу другото, за доброто на моите деца да ги заштитам од тоа - изјави неодамна пејачот.



Извор: hellomagazin.rs