Сaле Тропико по разводот повторно заљубен: Среќа најде во црвенокоса девојка со пирсинг
Тие живеат во станот на Сале во Вождовац
Александар Сале Цветковиќ, фронтменот на „Тропико бенд“, по разводот со пејачката Јована Пајиќ во 2021-ва година, си најде нова девојка.
Како и секогаш, Сале се труди да го сокрие приватниот живот од очите на јавноста, па не ја разоткрива новата девојка, но и не се крие и моментално е многу заљубен.
Како што пишуваат медиумите, тие често поминуваат време заедно, дури и патуваат, а кога се во Белград престојуваат во станот на Сале на Вождовац, каде што тој продолжи да живее по разводот.
Редовно опуштено одат заедно да пазаруваат намирници, а според изворот, новата избраничка на пејачот е сосема спротивна од Јована.
Таа и Сале се со слична висина, неговата партнерка има кратка, права, црвена коса и пирс на носот. Дека добро се сложуваат покажува и фактот што дури и сакаат да се облекуваат исто, па беа фатени во идентични тренерки.
По овие сознанија, пејачот не бил подготвен да зборува за својот емотивен живот.
- Немам коментар. И не би сакал да зборувам за мојот приватен живот.
Што се случи меѓу Јована и Сале
Да потсетиме, Сале и Јована на крајот на 2021-ва година ја информираа јавноста дека решиле да се разделат, по 10 години брак. Тие потоа побараа од јавноста приватност додека поминуваат низ процесот, пред сѐ заради нивните ќерки.
Недолго откако го признаа разводот, почнаа различни шпекулации, а една од нив беше дека причината е дружењето на Јована со Марија Шерифовиќ. Сепак, самиот Сале набрзо го демантираше тоа.
Извор: espreso.rs