Јована и Сале Тропико повторно заедно: Фатени на село како уживаат со ќерките (ФОТО)
Тие поминаа еден убав сончев ден работејќи селски работи и уживајќи во природата
Јована Пајиќ и Александар Цветковиќ Сале, фронтменот на групата „Тропико“, открија дека се разведуваат во декември минатата година. Тие двајца тогаш истакнаа дека спогодбено раскинале и дека останале во добри односи, најмногу поради воспитувањето на нивните две ќерки Хелена и Џина.
Оттогаш тие само еднаш се видени заедно во јавност, а сега одлучија оваа сончева недела да ја поминат заедно, како семејство. Имено, Јована и Сале од градската толпа со ќерките побегнаа во село, каде се зафатија со земјоделски активности.
Така пејачот седна зад воланот на тракторот, возејќи го остатокот од семејството во приколката, додека Јована ги грабна балите со сено и покажа колку е силна. И двајцата цело време беа насмеани, што сведочи за тоа дека денот го поминаа во одлично расположение.
Дали поранешната двојка сепак се смири или барем оди кон тоа, останува да видиме.
Извор: 24sedam.rs