Ќерките им се на прво место: Јована Пајиќ и Сале Тропико повторно заедно?
Во декември 2021-ва година се појави веста дека пејачот Александар Цветковиќ и пејачката Јована Пајиќ се разведуваат. Јавноста не можеше да поверува дека оваа информација е вистинита, па постојано се надеваше дека ќе дојде до помирување меѓу нив.
Меѓутоа, во една прилика пејачката проговори за медиумите.
- Точно е дека јас и Саша донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Ќе останеме пријатели и ќе бидеме, како и досега, посветени на заедничкото воспитување на децата. Разводот е во тек и поради мирното воспитување на нашите девојчиња, барам медиумите да ни ја овозможат потребната приватност - изјави Пајиќ.
Но како што самите изјавија, останале во добри односи поради ќерките Хелена и Џина за да имаат безгрижно детство.
Уште еднаш се гледа дека не отстапуваат од зборовите, бидејќи тие двајца ѝ приредија роденденска прослава на својата сакана Џина.
Во една игротека во Белград ги собраа семејството и пријателите, како и пријателите од градинката на нивната помала ќерка и на тој начин приредија забава и незаборавно дружење во интимна атмосфера за сите.
Пајиќ сними неколку моменти на мобилниот телефон и сето тоа го објави на Инстаграм, а на едно од видеата се гледа како нејзиниот поранешен сопруг се забавува со гостите.
- А има и немирни деца - напиша таа на шега на видеото кое го сподели.
Токму оваа реченица не натера да помислиме дека Јована и Сале не се само еден од оние парови кои глумат хармонија за среќата на своите деца, туку дека останале добри пријатели по разводот.
Извор: glossy.espreso.co.rs