Состојбата на Брус Вилис е загрижувачка: Нови детали за познатиот актер, се огласи и неговата поранешна девојка
Состојбата на Брус Вилис е загрижувачка: Нови детали за познатиот актер, се огласи и неговата поранешна девојка
Марија Браво, активистка и поранешна партнерка на холивудскиот актер Брус Вилис, откри детали за неговата здравствена состојба
Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои на големото платно се повлекува од светот на филмот. На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест на губење на способноста за зборување, за подоцна да му биде дијагностицирана ретка форма на деменција.
Ѕвездата на филмовите, „Армагедон“, „Умри машки“, „Шесто сетило“... во секој момент е опкружен со семејството, сопругата Ема и ќерките, како и со поранешната сопруга Деми Мур. Сопругата на Брус, Ема често споделува детали на социјалните мрежи за борбата со која се соочува нејзиниот славен сопруг, а сега се огласи и поранешната девојка на Вилис, Марија Браво.
Брус и Марија беа во врска во деведесеттите. Тие се запознале во неговиот ресторан „Планет Холивуд“ и биле во врска 2 години. Марија сега за медиумите откри дека на хуманитарен настан се зборувало за неговото здравје и дека тогаш разговарала со сопругата на актерот.
- Тој е се полошо и полошо. Не е добар воопшто. Зборував со неговата сопруга Ема, за жал, тоа е прогресивна болест. Му испраќам многу позитивна енергија и љубов, рекла Марија.