Совети на брачни терапевти за парови кои се „одљубиле“

Љубовта е можно да се врати, но бара труд, велат експертите за брак Брачните терапевти често се среќаваат со парови кои се пред дилема, дали да се откажат од бракот или да ги вратат избледените чувства кон сопружникот. 
Ова се совети кои им ги даваат на таквите парови: 


Прифатете дека повторното заљубување во партнерот бара работа

Одљубувањето не се случило преку ноќ, па страста не може ни да се врати така лесно. За нов почеток, намалете ги очекувањата и она што се случило во минатото оставете го во минатото. 


Прекинете со уништувачки начини на комуникација 
Ако вие и вашиот партнер често сте несреќни, можеби сте се заглавиле во матрица негативни реакции. Еден од најчестите шаблони е оној во кој еден од вас често се жали на недостаток на блискост, а другиот се повлекува поради притисок кој го прави да се чувствува виновен. За да би може да се врати блискоста, оној „гласниот“ партнер мора да научи својот став да го изразува на понежен начин како отуѓувањето не би растело, додека тивкиот и повлечен партнер мора повеќе емотивно да се внесе во врската.


Запрашајте се: Што всушност ме наведе да се заљубам во оваа личност? Фокусирајте се на особините на вашиот партнер кои ве привлекле кај него. Мислете на нив што почесто и трудете се секоја недела да одделите интимно време еден за друг, за тие особини да добијат шанса да испливаат на површина.

 
Пронајдете заеднички интереси Нема ништо лошо во тоа да ве интересираат различни работи, сè додека не почнете да живеете целосно паралелни животи. Секогаш обидувајте се да го разбудите интересот кај партнерот со своите новооткриени интереси.  
Сексот мора повторно да стане важен 
Сексот и допирите се еден од најважните начини да создадете емотивна врска со партнерот. Кога меѓусебно се допирате, во мозокот се лачи хормонот на блискост и опуштање, окситоцин.

Направете нешто убаво за својот сопружник 
Љубовта ја сочинуваат малите работи. Сетете се на ситниците кои некогаш ве турнаа на колена, и обидете се повторно. 


Не обвинувајте го партнерот за вашата отуѓеност 
Ако со години сте несреќни, не е лесно да не се осудува другата страна поради тоа што не забележувала знаци и што не умее да ви ги чита мислите. Двојките кои сакаат да останат во брак, мора да научат дека ништо не се подразбира и дека се мора да се каже јасно и гласно.