Совети за убаво и негувано лице: 10 идеи кои ќе ви заштедат пари а ќе изгледате беспрекорно
Сакате да изгледате помладо? Тоа не е воопшто тешко, потребно е само да одвоите малку време за себе, и ќе добиете одлични резултати. Овие домашни маски кои ги одбравме за вас ќе ви го исчистат лицето ќе изгледате здраво и помладо.
1.Употребете мек пешкир и млака вода за да ги отворите порите на лицето. Размачкајте го медот на кожата и оставете го 15 до 30 минути. Измијте го лицето со топла вода и исушете го со мек пешкир и ладна вода за да ги затворите порите.
2.Размачкајте жолчка од јајцена лицето и вратот и оставете да делува 30 минути. Измијте се со ладна вода.
3.Изматете ја белката од јајце додека не стане пенеста и нанесете ја на лицето. Почекајте додека се исуши и измијте ја со топла вода.
4.Исечете зрно грозје на половина и истријте го преку целото лице.
5. Изгмечете една презреана банана и размачкајте ја на лицето. Измијте го лицето по 15 до 20 минути, со топла вода.
6.Нанесете малку јогурт на лицето откако детално ќе го исчистите и оставете го да дејствува 15 до 20 минути.
7.Растворете малку јаболков оцет со вода и нанесете го на лицето со памук како тонер, по миење на лицето секој ден и секоја вечер.
8.Намачкајте на усните со маслиново масло (ако ви се испукани) пред да си легнете или намачкајте го лицето преку ноќ.
9.Употребете ја сода бикарбоната за чистење на лицето, можете да ја растворите и со она со што го чистите лицето редовно.
10. Размачкајте го млекото на лицето со памук, оставете да се зацврсне. Измијте се со топла вода. По ова кожата ќе ви биде супер мека.
Совети за убаво и негувано лице: 10 идеи кои ќе ви заштедат пари а ќе изгледате беспрекорно