7 летни совршени фризури: Изгледаат префинето, а се прават за час (ФОТО)
Летото 2021 година ќе се врти околу косата, барем кога
станува збор за светот на убавината.
Сигурно блескавата кожа и шминка ќе го окупираат центарот на вниманието, барем за момент. Но, сега кога летото официјално е тука, шансата да експериментираме со нова фризура е премногу примамлива за да и одолееме. Веќе има толку многу трендовски фризури кои го привлекоа нашето внимание. Без разлика дали сè уште имате работа со неуспешна фризура што сте ја пробале во карантин или ви е досадно од вообичаениот изглед, летото е совршено време да ги надминете своите граници. Потоплото време обично е обележано со полесни и пократки фризури. Но, новите трендови за коса го заземаат ова лето и нема премногу правила.
Трендовите на косата оваа година се навистина разновидни и вклучуваат голем број на различни стилови. Ако сакате да ги одржувате работите класични со боб до брадата, дефинитивно ќе бидете во тренд со таква фризура. Ако барате нешто повпечатливо, имате среќа - фудбалерка е една од најбараните фризури во изминатата година. Таа дури беше прифатена од славните со раширени раце. Значи, ако сте подготвени за летна промена, тогаш сте на вистинското место. Продолжете да прелистувате бидејќи подолу можете да најдете седум трендовски фризури.
Разбушавен боб
Опавче „меур“
Рамен боб со шишки
Неуредна пунџа
Фудбалерка
Тренди штипка во коса
Природна текстура на коса
Фото: Инстаграм/kaiagerber/elisalevallois/knaji/tovewaldemar/collagevintage/alannaarrington
Можеби ќе ве интересира:Топ стајлинг кој им стои и на девојки и на дами во педесетите: Удобно, тренди и шик (ФОТО)