Спа третман на лице во домашни услови

Добивај вести на Viber

Секоја чест за професионалците, нивното знаење и искуство, но сепак некои работи можеме да ги сториме и самостојно.

На пример, домашен спа третман, за многу помалку пари отколку што би платиле за тоа во луксузен салон. Ќе биде подеднакво ефикасно и веројатно ги имате потребните состојки дома. Без разлика дали сте во карантин или не, можете да искусите некои мали задоволства без да чекате во ред во салонот за убавина.

Првиот совет е да го направите овој третман на лицето пред спиење. Во тој случај, вашата кожа ќе има време соодветно да се одмори и да ги апсорбира потребните хранливи материи што сте ги примениле за тоа. Покрај тоа, спа третманот за лице што ќе го искусите е толку релаксирачки што ништо друго нема да ви падне на ум освен спиењето.

ЧЕКОР ЕДЕН - создавање атмосфера

Она што го сакаме кај спа третманите е дефинитивно атмосферата. Затоа, обидете се да создадете релаксирачка атмосфера дома, исполнета со мирис на свеќи и светло и ориентална музика. 

ЧЕКОР ДВА - чистење на лицето

Пред да започнете со третманот, ви треба чисто лице. Длабокото чистење е најдоброто нешто со кое треба да се започне. За оваа намена можете да користите масло од јојоба или кокосово масло. По длабоко чистење, преминете со класични производи за чистење на лице. Можете да користите ракавица за да ја отстраните шминката и ексфолирачки гел за лице ако сакате.

ЧЕКОР ТРИ - отворање на пори

Ова е клучен чекор за секој третман. Отворањето на порите темелно го чисти лицето, за разлика од класичното чистење што го правите секој ден. Го хидрира лицето, ја зголемува циркулацијата и овозможува апсорпција на производите за нега на лицето.

Метод на тенџере - ви треба тенџере со врела вода. Откако ќе зоврие, тргнете го садот од шпоретот и ставете го на рамна површина. Наведнете се над него, доволно за пареата да стигне до вашето лице. Ставте крпа преку главата за да задржите што е можно повеќе пареа помеѓу вас и тенџерето. Препорачливо е да останете под „шаторот“ најмногу 10 минути.

Метод на пешкир - ако првиот метод не ви одговара, можете да го пробате методот на пешкир. Неопходно е да се впие крпа во топла вода и да се остави на лицето 5-10 минути.

ЧЕКОР ЧЕТРИ - примена на маската

Нанесете ја маската за лице што претходно сте ја подготвиле. Особено треба да се фокусирате на деловите на лицето кои ви изгледаат проблематични, како што се круговите околу очите или деловите од страната на усните. Оставете ја маската околу 20 минути и потоа темелно исплакнете.

ЧЕКОР ПЕТ - масажа на лицето

После маската, за целосно задоволство, земете ролери за лице (предлог: пред почетокот на третманот, ставете го во фрижидер да се олади) и масирајте го лицето во должина и напречно. На овој начин, вашата кожа ќе ги апсорбира активните состојки на маската поефикасно и ќе се ослободите од напнатоста.


извор:zenskimagazin.rs

-Домашна маска за лице од кокосово масло за мрсна кожа
-Магична маска за лице што ќе ве спаси од брчки
-НАПРАВИ СИ САМА: Пет рецепти за домашен пилинг за лице и тело