Спас за дијабетичари: Инсулин во таблета

Добивај вести на Viber

Дијабетисот тип I е болест која лесно се наследува и е помалку раширена од дијабетисот тип II,  на која не може да се делува превентивно.

Доколку дијабетисот тип I  не е регулиран може да предизвика здравствени проблеми и компликации, па затоа пациентите мора да примаат инсулин во инекција.

Токму барањето на алтернативно решение е студијата кон која се насочиле научниците од Харвард, чие истражување е објавено во магазинот PNAS. Тие создадоа сложена таблета која кога ќе навлезе во системот за варење останува стабилна и покрај ензимите кои ги разградуаат протеините во помали аминокиселини.

Научниците истакнале дека таблетата лесно се произведува, поевтина е од другите третмани и може да се чува на собна температура. Оваа метода може да ги намали негативните ефекти од примањето на инсулин со инекција, па следно е испитувањето на животни кое ќе докаже дали таблетата е сигурна за продажба.