„Спиј мирно ќерко моја“: Зборовите на таткото на убиената Ивана ја кинат душата, по убиецот се трага 4 месеци

Младата Ивана Кривокапиќ беше убиена пред 4 месеци, на 2 декември минатата година на Звездара, а нејзиниот татко Слободан на Фејсбук објави болна порака во која и порача да спие мирно.

- Замислувам други времиња, замислувам дека се е поинаку... Знам дека ми е илјада пати потешко кога душата ми плаче, а очите ми се сушат... Кога целиот океан е во твоето срце... не не ја знам адресата или бројот на небото, но се надевам дека ништо не боли таму, дури ни душа, но знам како е овде долу на земјата, премногу е тешко... Но ќе продолжам да замислувам дека ќе прочиташ некаде и јас ќе го чекам мојот гулаб... Спиј мирно ќерко моја... - напиша тој со фотографија од ќерка му и гулаб.

Да потсетиме, Ивана беше убиена на 2 декември минатата година, а полицијата се уште трага по осомничениот Јетмир Гочај во две држави, додека потерницата е распишана на 16 јануари.

Повеќе на Фактор.мк