Србите ја преработија македонската „химна“ МОРЕ СОКОЛ ПИЕ: Еве како звучи
Култната македонска песна „Море сокол пие“ ја доби најновата форма
КАВАЛА - бенд кој за прв пат се претстави пред пошироката публика на PZE 2024, реши да ја „оживее“ песната преку комбинација на традиционална мелодија и модерен електронски звук.
Покрај песната, снимен е и видео запис во кој гостува младиот актер Александар Стоименовски.
Низ историјата оваа песна ја изведувале многу популарни пејачи од балканското поднебје, најчесто во традиционален аранжман.
КАВАЛА носи нов звук во кој ќе уживаат љубителите на традиционалната музика, но и оние кои преферираат електронска музика. „Море сокол пие“ е еден од најголемите хитови на македонската народна музика, а популарен многу е и кај Србите.
Видеото е снимено на прекрасниот покрив на стара зграда која некогаш служела како летна сцена на киното „Луксор“ и каде подоцна се снимале кадри за неколку српски филмови.