Срце болно, а толку големо: Панчо со емотивна посвета за мајка си
МАЈКА
Секогаш во сеќавање ќе ми стои една слика од неа за која никогаш немам објаснување. Смирена, а секогаш во борба со најголемата бура. Очи кои кажуваа сѐ за нејзиниот живот, а воедно толку мир и спокој како да и течеа тони мед и млеко во животот, а не трња и коприви. Срце болно, а толку ГОЛЕМО и полно со ЉУБОВ за да ги прифати и скроти сите...
Колку што беше намачена толку беше и среќна. Еднаш пред да замине да ме чува од горе ја прашав: Мајче како може да си волку спокојна? Одговори кратко: Затоа што сум среќна и горда на тебе и сестра ти. Ме гледаше во очи и без збор да изусти ми кажа уште многу работи. Се разбравме за се само со еден поглед како и секогаш. Никогаш не се срамев од неа, но никогаш не дозволив ни онда да се срами од мене..
Фејсбук-статус на Владимир Блажев - Панчо