„Среќен роденден, мамице, мојата омилена личност“: Индира Кастратовиќ доби емотивна честитка за роденденот од ќерката Сара

Добивај вести на Viber

Поранешната ракометарка Индира Кастратовиќ славеше роденден. Ќерката на ракометниот пар Индира и Зоран,  Сара која живее и учи во САД и честиташе роденден на својата мајка со емотивна објава.

Фотографии од заеднички моменти објави Сара и напиша: „Среќен роденден, мамице. Мојата омилена личност. Те сакам“.

Ќерката на Индира и Зоран Кастратовиќ, Сара, не продолжи по стапките на своите родители кои се поранешни ракометари туку реши средно училиште да заврши во САД, каде што живееше со сестрата на Индира. 

Откако дипломираше, одлучи во Америка да продолжи и со високо образование на факултет во Флорида.

- Тоа беше нејзина желба, трета и четврта година да ги заврши во Америка, а јас и Зоран сме тие кои можеме само да ја поддржиме. Не ја буцкавме, туку самата изрази желба да се обиде таму. Сега за сега одлично ѝ оди, сѐ е како што треба, таа е задоволна, па ќе видиме за понатаму. Мило ми е што живее со  тетка ѝ, со мојата сестра која ѝ е исто така голема поддршка“, изјави пред две години Индира во интервју за „Женски магазин“.

Кастратовиќ ни раскажа дека нивната ќерка никогаш не ја влечел спортот, туку танцот. „ Сара од мала ја влечеше хип-хоп танцот. За ракомет никогаш не пројавила желба и ние не ја форсираме“, изјави Индира. 

Фото: Инстаграм
РЖМ