Среќна сум што Хана учи во истото училиште како и јас: Тамара Тодевска е мајка на прваче

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска е пресреќна што нејзината ќерка Хана вчера тргна во прво одделение. На својот Инстаграм профил, Тамара објави слики од првиот училишен ден на ќерката. 

На приемот на нови првачиња, заедно со Тамара и со Хана бил и Дарен, нејзиниот син како поддршка на постарата сестра, но и Брана Велкова, мајката на Тамара и на Тијана. Поп-ѕвездата е многу среќна што ќерката учи во истото основно училиште каде што завршила и таа. 

- Овој ден беше многу возбудлив со измешани емоции. Не можам да поверувам колку навистина брзо растат. Хана беше малку збунета, но највеќе среќна за тоа што ќе запознае нови другарчиња. Учителката е прекрасна, а моето старо школо е уште поубаво од она што го паметам. Нека им е среќно на сите првачиња и на сите ученици“, ни изјави Тамара.

На крајот на јуни, познатата пејачка на својот профил на Инстаграм раскажа дека со сопругот Александар Димитровски- Мачка прославуваат седум години брак.

„Мачка ме познава подобро отколку што и јас самата се познавам. Тој е многу повеќе од мој животен партнер. Мачка е човек што секогаш знае да ги каже вистинките зборови. Знае да ме пофали но и искритикува. Да се радува на моите успеси но и да биде мое рамо за плачење. Ние сме тим што верува дури и во невозможното“, изјави своевремено за Женски Магазин Тамара. 

„Со Мачка бевме супер другари седум години. Отсекогаш имало симпатии меѓу нас но животот најверојатно имал совршен план кога да ги претвори тие симпатии во љубов. Можеби требало да научиме некои животни лекции пред целосно да се посветиме еден на друг. С ѐ во животот си оди по план и знам дека нашата љубов се роди токму тогаш кога требала да се роди. Тој ме запроси само четирисет дена откако станавме пар“, рече Тамара и се сети на оригиналното сценарио кое го смислил Александар.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


„Мајката и таткото на Мачка дојдоа од Скопје за да се запознаеме, тие живеат во Гевгелија. Се договоривме да им го отстапиме станот да преспијат, за да не одат тие во хотел, ние отидовме да преспиеме во хотел. А тие сѐ си испланирале, целата свршувачка без јас да знам. Утредента кога се разбудивме, Мачка нарачал појадок во соба и ме викна да појадуваме заедно. Дојди љубави да јадеме- се убедувавме некое време зашто јас не бев гладна. Си го земав цедениот портокал и си се вратив во кревет, хахаха. Тука дополнително несакајќи ја одложив целата работа. Целата храна беше отворена, само едно јадење затворено со капак. И јас како за беља почнав да јадам од сѐ по малку, само тоа што беше затворено не го отворив. Мачка се чудеше како не сум љубопитна да видам што има таму. На крајот, ме убеди да откријам што има во капакот, а таму беше прстенот “, ни раскажа Тамара.

М.Џаровска

Фото: Приватна архива