Од Прв Студентски Етнографски Филм фестивал, прерасна во Меѓународен фестивал на етнографски филм: ЕТНОФФ со јубилејно 10-издание-еве што ќе може да погледнете
На 1 и 2 ноември 2024 година, Кинотеката на Македонија ќе биде домаќин на 10-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ. Овој фестивал, кој го организира Македонското студентско етнолошко друштво, ќе понуди уникатна можност за публика да ужива во разновидни етнографски филмови од целиот свет, претставувајќи култури и приказни од различни континенти. Влезот на фестивалот е бесплатен, овозможувајќи пристап за сите љубители на овој жанр.
- За публиката
подготвивме богата и разновидна програма на документарни филмови, чија
проекција ќе биде прикажана на 1ви- и 2ри Ноември во Кинотека на Македонија со
почеток во 18ч. На 1ви Ноември ќе се прикажуваат следниве наслови: "Божји
пламени"- Македонија/Франција, "Ган Жи - Да чувствуваш, да
знаеш" - Кина, "Арбори, билки и лисја од банани"- Кина,
"Тоголендски проекции"- Германија/Франција/Того. На 2ри Ноември, во
рамки на фестивалот ќе ја прославиме и 30 годишнината од дипломатските односи
меѓу Јапонија и Македонија, со проекции на блок јапонски и македонски филмови- вели за Женски магазин Кристина Паскоска.
Фестивалот ЕТНОФФ, оваа година го слави своето јубилејно десетто издание.
-Да бидам искрена, се уште не ни е верно дека нашата „етноффска“ приказна која започна да се ткае во 2014 година стигна до 10-то јубилејно издание. Среќни сме што не се откажавме и во време кога немавме финансиски средства, да бидеме истрајни и со многу љубов да го правиме фестивалот. ЕТНОФФ го создадовме за време на студиите на Институт за етнологија и антропологија и беше Првиот студентски етнографски филм фестивал создаден во Македонија. Низ годините прерасна во Меѓународен фестивал на етнографски филм. Големо достигнување за сите што зедовме удел во неговото создавање- вели Паскоска - основач на Меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ на прашањето колку може да се каже дека низ овие години созреале на некој начин.
Кристина вели дека воопшто не е лесно да се организира еден филм фестивал, меѓутоа со добра организација и координација успеваат да го остварат она што го замислиле.
За крај ја прашавме зошто би требало секој поединец да го посети овој Фестивал, а организаторите едногласно посочуваат „Затоа што ќе има можност да погледне како функционира документаристиката во светот и кои теми се обработуваат, а со неговото присуство ќе ја поддржи нашата заложба како и домашната продукција на документарни филмови“.
Деталите за програмата на 10-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ може да ја погледнете тука.Ирена. С