Стана татко по втор пат: Популарниот српски актер доби уште еден син
Сопругата на српскиот актер Миодраг Радоњиќ, Милица Микиќ се породи и роди син.
Милица и Миодраг веќе имаат син, кој го добија во средината на декември 2020 година и го нарекоа Сава, а сè уште не се знае какво име му дале на нивниот втор син.
Инаку, Миодраг Радоњиќ долго време ја чува сопругата Милица од љубопитните очи на јавноста, а во една прилика и посочи што најмногу му се допаѓа кај неа.
- Нејзината непосредност, сигурност и отвореност кон животот. Таа никогаш не отстапува од проблем или пречка. Таа е многу стабилна и самоуверена. Нашите ставови се совпаѓаат во многу ситуации и тоа е она што цврсто не врзува.
Како што еднаш истакна, таа е негов најголем поддржувач, но и најсериозен критичар.
Миодраг на шега вели дека покрај себе ја има Моника Белучи.
- Милица е Моника Белучи! Често се шегувам со неа за тоа и ја споредувам со познатата актерка. На луѓето им се фалам дека ја имам Моника Белучи до мене. Па, Милица е подобра и поубава од Моника!, изјавил Радоњиќ за „Информер“.
Круна на нивната љубов е нивниот син Сава, кој се роди во декември 2020 година, а како што актерот своевремено изјави за тамошните медиуми, Сава е момче полно со сила и енергија.
- Сава е полн со енергија, затоа постојано трчаме по него. Се трудиме што повеќе време да поминуваме надвор, на детските игралишта. Најмногу го интересира тобоганот.
Фото: ИнстаграмИзвор: Pink.rs